Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Гаши: Собранието не е „гласачка машинерија“, во јануари ќе донесеме нов календар за работа
Македонија

Гаши: Собранието не е „гласачка машинерија“, во јануари ќе донесеме нов календар за работа

27/12/2025

AA

Претседателот на Собранието, Африм Гаши во интервју за МИА најави суштински промени во начинот на работа на законодавниот дом, со цел да се стави крај на практиката на носење закони по скратена постапка и да се врати дигнитетот на институцијата.

Гаши истакна дека по цела деценија, анкетите за јавното мислење за првпат покажуваат подобрена перцепција на граѓаните за работата на Собранието. Сепак, тој нагласи дека остануваат многу предизвици, пред сè во делот на меѓуинституционалната комуникација.

Како клучно решение за ефикасно планирање, Гаши најави носење на собраниски календар веќе во јануари. Овој календар треба да им овозможи на Владата и министерствата прецизно да знаат кога се планирани пленарните седници.

„Владата и предлагачите ќе знаат точно кога да ги пратат законите ако сакаат да бидат донесени навреме. Мора да се смени пристапот дека Собранието е гласачка машинерија. Законите треба да одат во редовна постапка за да има простор за јавна дебата и вклученост на експертите“, потенцираше Гаши за МИА.

Според претседателот на Парламентот, проблемот со „брзите закони“ не е само кај Владата, туку и во лошата професионална култура на службите низ министерствата која се таложи со децении.

Гаши останува на ставот дека Собранието мора да биде центар на дебатата, а не само место каде формално се потврдуваат владините одлуки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy