
Гаши со честитка: Новиот папа да донесе повеќе духовност и поголема етика, а неговата работа да биде патоказ на патот кон мирот!
Претседателот на Собранието, Африм Гаши упати честитка по повод новиот папа.
„Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, имам чест да ја упатам честитката по повод изборот на новиот, 267-ми по ред, поглавар на Римокатоличката црква.
Во духот на првото обраќање на папата Лав XIV (Leo XIV) до католичките верници, ја изразувам желбата новиот папа да донесе повеќе духовност и поголема етика, а неговата работа да биде патоказ на патот кон мирот, верската толеранција и меѓусебното разбирање меѓу народите – како единствениот исправен пат за спас и напредок на светот, кој денес сè повеќе се соочува со предизвиците на конфликти и судири“, вели Гаши.