
Гаши на средба со Форслунд на Самитот во Рига: Продолжение на соработката за демократски развој меѓу двата Парламента
Во рамки на Третиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа во Рига, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари билатерална средба со потпретседателот на Шведскиот парламент, Кенет Форслунд. Претседателот Гаши се заблагодари за поддршката на нашата стратешка цел – полноправно членство во Европската Унија и во тој контекст изрази благодарност до Кралството […]