
Гаши имал блокада на тенкото црево, соопшти министерството за здравство
Министерството за здравство информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба.
Тој околу полноќ бил хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија со болки во стомакот и веднаш му се направени потребните радиолошки и лабораториски испитувања, утврдена е интестинална опструкција на тенко црево.
Задржан е на болничко лекување и е под постојан лекарски надзор. Во моментот е на конзервативен, медикаментозен третман, без поставена индикација за оперативно лекување.