Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Проневерил над 2 милиони денари од болницата во Прилеп – судот му пресуди условна казна од 2 години
Македонија

Проневерил над 2 милиони денари од болницата во Прилеп – судот му пресуди условна казна од 2 години

23/07/2025

AA

Ја информираме јавноста дека Основниот суд во Прилеп донесе правосилна пресуда против службено лице од ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ – Прилеп, за сторено кривично дело Проневера во службата, согласно член 354 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Станува збор за случај во кој, во периодот од август 2024 до април 2025 година, вработен во болницата противправно присвоил средства наплатени од пациенти во вкупен износ од 2.110.640 денари. Обвинетиот иако ги врати средствата, судот ја утврди вината и му изрече условна затворска казна во траење од две години, која нема да се изврши ако во наредните четири години не стори ново кривично дело.

Овој случај е дел од пошироката истрага на Управата за финансиска полиција, која со месеци го анализираше финансиското работење на прилепската болница и истовремено ја потврдува нашата заложба за борба против корупцијата и злоупотребата на јавни средства.

Враќањето на парите не ослободува од одговорност, правдата мора да биде еднаква за сите. Оштетувањето на јавниот буџет, особено во здравствениот сектор е недозволиво и секој обид за прикривање или игнорирање на вакви постапки претставува закана за довербата на граѓаните во институциите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам –

24/08/2026
Македонија

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги

24/08/2026
Македонија

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците

24/08/2026
Македонија

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45228
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам – постојано се појавуваат нови жаришта

24/08/2026

Пожарот на планината Китка веќе десетина дена создава сериозна опасност за шумските предели и населените места во околината, а според

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги уништи земјоделските насади

24/08/2026

Град и силно невреме проследено со интензивен град со големина на орев го зафати селото Дебреште. Според сведоштвата и фотографиите

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците упорно го палат

24/08/2026

Пожарот на планината Китка, кој е најкомплексен за гасење во земјава, повторно е активен откако бил намерно подметнат од страна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy