Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Гаши: Ако закажев комеморативна седница за трагедијата во Кочани, ќе се отвореше прашањето зошто немаше комеморативна и за жртвите во модуларната болница!
Македонија

Гаши: Ако закажев комеморативна седница за трагедијата во Кочани, ќе се отвореше прашањето зошто немаше комеморативна и за жртвите во модуларната болница!

24/04/2025

AA

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот новинарски брифинг одговори на критиките и забелешките дека по трагичниот пожар во Кочани, каде што загинаа 62 лица, Собранието не одржало комеморативна седница и пратениците не беа активни. Гаши објасни дека одлуката за ова прашање била донесена колективно, по состанок со координаторите на пратеничките групи.

„Сакам да истакнам дека на ова прашање дали да има комеморативна седница или не, му пријдовме со големо внимание. На состанок со координаторите на пратеничките групи јас го поставив прашањето и по дискусијата заклучивме дека ако закажам комеморативна седница за трагедијата во Кочани, ќе се отвори прашање зошто немаше комеморативна и за жртвите во пожарот во модуларната болница во Тетово, за жртвите во несреќата во Бугарија и други”, одговори Гаши на денешниот новинарски брифинг пишува СДК.МК.

Тој негираше дека пратениците земале двонеделен одмор по пожарот, нагласувајќи дека тие продолжиле со својата работа. Кога беше прашан дали пратениците прават донации, Гаши одговори дека секој пратеник индивидуално донел одлука да донира за настраданите и повредените, но дека овие донации не треба да бидат објавувани.

Во случајот на автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, која се случи на 23 ноември 2021 година, загинаа 45 лица, а седум патници преживеале. На 8 септември 2021 година, пожарот во модуларната болница за ковид-19 пациенти во Тетово однесе 14 животи, вклучувајќи 12 пациенти и двајца роднини на пациенти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy