Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Гарантирани цени на храната уште два дена – мерката нема да биде продолжена
Македонија

Гарантирани цени на храната уште два дена – мерката нема да биде продолжена

27/02/2024

AA

Министерството за економија нема да ја продолжи мерката за гарантирани цени која завршува на крајот на месецов, туку, како што најави ресорниот министер Крешник Бектеши, ќе го чека носењето на законот за забрана на нефер трговски практики со кој, според него, ќе се стави ред во нелојалната конкуренција во трговијата и ќе доведе до намалување на цените на прехранбените производи.

– Очекуваме ова законско решение, кое е целосно усогласено со европската регулатива и е со европско знаменце, да биде усвоено во најкраток можен рок.

Со законот очекуваме да се намалат цените на прехранбените и земјоделските производи, изјави Бектеши за МИА.

Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, како што кажа, уште во декември 2023 година, на предлог на Министерството за економија беше усвоен од Владата и доставен до Собранието.

– Законското решение со кое се става ред во нелојалната конкуренција во трговијата и се воведуваат фер практики помеѓу трговците и добавувачите во синџирот со земјоделски и прехранбени производи се очекува оваа недела да влезе во второ читање во комисиите во Собранието, посочи Бектеши.

Министерството за економија лани на 20 септември донесе Одлука за изменување на одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, како и обврска трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количество на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед што беше објавена во Службен весник и важи до 29 февруари годинава.

Одлуката се однесува на: ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg; брашно пченично тип 400 и тип 500; бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите; други пекарски производи; бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни од 300 до 500 g; наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g; тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g; јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел; свинско месо без коски, од бут или некој друг дел; мелено месо свинско и јунешко; пиле свежо или замрзнато (цело); пилешки стек свеж или замрзнат; чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување; пилешка посебна салама (без слајс пакување); паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g; трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l; јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l; кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g; павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g; традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци);  традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци) и свежи јајца од кокошка.

Покрај тоа, донесе и одлука за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало што, исто така, важи до 29 февруари годинава и се однесува на: светло пиво во пакување од 1,5 l во шише; газирани пијалаци (сокови) во пакување над 1 l во шише; негазирани пијалаци (сокови) во тетрапак пакување и минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 l во шише.

Министерството за економија донесе и одлука за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук што важи до 28 февруари годинава според која применливата царина е 10 отсто за кромид, праз, карфиол и брокула, салата, моркови, модар патлиџан и тиквици, како и одлука за намалување на увозните давачки за увоз на свежи домати, краставици и пиперки што исто така важи до 28 февруари годинава и за кои применливата царина е 10 отсто.

Со земјите од ЦЕФТА, пак, царината е 0 отсто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ЗА МАРИХУАНА ВО ОХИС Полицијата со камиони

06/02/2026
Македонија

ДОЖД ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈАТА Претпладне ќе врне на

06/02/2026
Македонија

📽️ НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАПЛЕНЕТИ СЕ РЕКОРДНИ 27 ТОНИ МАРИХУАНА Детали од

05/02/2026
Македонија

Димитриевски: Задоволен сум од платата, ама јас од плата не

05/02/2026
Македонија

ИСТРАГАТА СЕ ВОДИ, ЈАВНОСТА ЌЕ ДОЗНАЕ СÈ Мицкоски најави разрешница

05/02/2026
Македонија

Нова измама, овој пат СМС од Телеграм – не кликајте

05/02/2026
Македонија

НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ ГАРАНЦИИ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА Премиерот со јасна

05/02/2026
Македонија

Возачите на ЈСП сами ќе си ги плаќаат казните од

05/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41100
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ЗА МАРИХУАНА ВО ОХИС Полицијата со камиони и специјалци ја блокираше фабриката

06/02/2026

Големата полициска акција поврзана со петте тони марихуана запленети минатата недела во Србија и натаму е во тек, а фокусот

ДОЖД ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈАТА Претпладне ќе врне на запад, попладне и на исток

06/02/2026

Метеоролозите најавуваат променливо облачно време утре, со врнежи од дожд во повеќе делови од земјата. Претпладне дожд се очекува во

📽️ НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАПЛЕНЕТИ СЕ РЕКОРДНИ 27 ТОНИ МАРИХУАНА Детали од големата акција во Скопје и

05/02/2026

Голема полициска акција за заплена на марихуана денеска се спроведува во Скопје и во струмичкиот регион, при што, според неофицијални

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy