
Галтие е најлошиот тренер на ПСЖ во последните 18 години!
Галтие во својата прва сезона не успеа да дојде во четвртфинале во ниту едно натпреварување, ни во Купот на Франција, ни во ЛШ, а капак е елиминацијата вечерва од Баерн Минхен во европската елита во осминафиналната фаза.
Ова на ПСЖ првпат му се случува уште од Лорен Фурние во сезоната 2004/05, само со една разлика, тогаш парискиот клуб беше само просечен клуб, а сега гигант кој потроши милијарди евра на засилувања и пак ништо.
