Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Г.Г. Стефан за Гоце Делчев: Вечниот симбол на македонскиот непокор и љубов кон слободата
Македонија

Г.Г. Стефан за Гоце Делчев: Вечниот симбол на македонскиот непокор и љубов кон слободата

04/02/2026

AA

На денешен ден, 4 февруари, Македонија и македонскиот народ го одбележуваат денот на раѓањето на својот најголем син и визионер – Гоце Делчев.

Како стожер на македонската борба за слобода, Делчев не е само историска фигура, туку морален патоказ кој ни остави аманет како се сака и како се брани татковината.

Гоце Делчев се роди во тешки, ропски времиња, но неговиот карактер зрачел со благост и хуманизам.

Поглаварот на Македонската православна црква, Г.Г. Стефан, рече дека Гоце бил личност која, доколку живеела во мир, својот живот би го посветила на „културниот натпревар меѓу народите“ и на образување на мирољубиви поколенија.

„Тој да се родел во мирнодобски времења, сигурно животот би го поминал помагајќи ја македонската борба во културниот натпревар меѓу народите, но за жал, нему му се паднало да живее во ропски времења“, истакна Поглаварот.

Сепак, како што вели, судбината му доделила улога на револуционер – современ маченик кој, слично на својот небесен заштитник Свети Георги, мораше да се исправи пред „големиот непријател“ за да го заштити својот народ.

„Жртвата на Гоце е плод на свесен и промислен чин на неизмерна љубов и бескрајна почит кон достоинството на својот народ. Таа негова жртва е плод на длабокото разбирање дека македонската стварност е таква што слободата не може да се добие како милост, туку треба да се извојува“, подвлече Г.Г. Стефан.

На само 31 година, Гоце Делчев го положи својот живот за Македонија, исполнувајќи ја врвната христијанска и човечка максима.

„Како што за народната слобода може да се изборат само личности коишто се внатрешно слободни, така таа може да се изгуби не само со насилство од надвор, туку и со рамнодушност однатре… со сопствена неодговорност и негрижа“, порача Г.Г. Стефан.

Денот на раѓањето на Гоце Делчев не е само ден за сеќавање на минатото, туку ден за преиспитување на сегашноста. Делчев нè потсетува дека слободата може да се изгуби не само преку насилство од надвор, туку и преку рамнодушност одвнатре, со сопствената неодговорност и негрижа кон заедничкото добро.

На крајот од своето обраќање, тој повика ликот на Делчев да биде „светило“ кое ќе нè учи дека татковината се сака со чесен живот, борба за правда и грижа за заедничкото добро, молејќи се за мудрост и сила за да се оправда неговата прескапа жртва.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy