Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФЗОМ ќе обезбеди континуитет на здравственото осигурување за затворениците и малолетниците во воспитно-поправните домови
Македонија

ФЗОМ ќе обезбеди континуитет на здравственото осигурување за затворениците и малолетниците во воспитно-поправните домови

14/02/2025

AA

Управата за извршување на санкиции алармираше за нередовност на здравственото осигурување на издржување на казна затвор, лицата кои се наоѓаат во притвор (ако не се осигурани по друга основа), како и малолетните лица кои се наоѓаат на извршување на воспитна мерка упатување во воспитно-поправен дом, односно установа и за членовите на нивното семејство, кои не се осигурани по друг основ. Приближната бројка на засегнати лица е околу 1.200.

Проблемот постои поради начинот на пријавување и одјавување на издржување на казна затвор, лицата кои се наоѓаат во притвор (ако не се осигурани по друга основа), како и малолетните лица кои се наоѓаат на извршување на воспитна мерка упатување во воспитно-поправен дом, односно установа и за членовите на нивното семејство од страна на овластени лица вработени во казнено-поправните, односно воспитно-поправните установи. Досега тоа беше шалтерски, овластените лица од затворите мораа да доаѓаат на шалтерите на Фондот за да поднесат ЗО-1 пријава за затворениците и лицата во воспитно поправен дом. Дополнително постои неажурност во нивното пријавување и одјавување од страна на затворите и во недоволната координираност помеѓу нив и лицата кои вршат пресметка во Управата за извршување на санкции.

Како резултат на проблемот иако Управата уплаќала придонеси од 2019 година, во значителен износ, а затворениците немале редовно здравствено осигурување. Тоа го отежнало пристапот до лекови и предизвикало болнички услуги во високи износи кои се фактурирани на Управата.

Фондот има обврска да ги вклучи сите граѓани во системот на задолжително здравствено осигурување. За решение, Фондот сега отвори веб портал, затворите ќе можат електронски ( со неколку клика од канцеларија) да ги пријавуваат овие лица во системот на Фондот и ќе имаат уредна евиденција на нивните пријави и одјави. Преку овој договор за размена, Фондот им излегува во пресрет на овие два субјекти ( затворите и Управата) и дозволува Веб порталот кој е во негова сопственост да им служи како „мост“’ или „бајпас“ преку кои ќе може овластените лица во затворите и во Управата да комуницираат и да добиваат точна евиденција на бројот на затворениците за кои треба да се плати придонесот и на тој начин ќе се избегне ризикот за некој затвореник да не му е платен придонесот.

Фондот ќе обезбеди континуитет на здравственото осигурување и затворениците ќе имаат пристап до здравствена заштита, како пристап до лекови, специјалистички прегледи и болнички третман.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy