Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФЗО и УЈП извршија заеднички контроли – утврдени неправилности кај 23 од 49 здравствени установи
Македонија

ФЗО и УЈП извршија заеднички контроли – утврдени неправилности кај 23 од 49 здравствени установи

26/12/2025

AA

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП) извршија контроли во 49 приватни здравствени установи и кај матични гинеколози, при што кај 26 од нив не се утврдени никакви неправилности, додека кај 23 установи биле констатирани одредени пропусти.

Генералниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција истакна дека ФЗО има склучено договори со вкупно 149 приватни здравствени установи за примарна здравствена заштита во дејноста гинекологија. „Во ноември 2025 година извршивме заеднички контроли со УЈП во 49 ПЗУ, што претставува 33% од вкупниот број договори, поради зачестени претставки од осигуреници. Последна заедничка контрола беше направена во 2012 година“, појасни Клековски.

Целта на контролите била да се провери придржувањето кон договорните обврски, особено дека прегледите, дијагностичките и терапевтските процедури кај избраниот лекар не смеат да се наплаќаат од осигурените лица.

Клучните наоди покажале: неправилности само од ФЗО кај 3 установи, само од УЈП кај 11, а кај 9 установи констатирани се пропусти и од двете институции. Главните неправилности утврдени од ФЗО се наплата на дополнителни средства од осигурени лица (кај 8 ПЗУ) и неуредна евиденција (кај 5 ПЗУ). Од страна на УЈП, неправилности поврзани со фискализација биле утврдени кај 20 установи, со изречени глоби.

Директорката на УЈП, Елена Петрова, појасни дека во рамки на заедничките контроли биле опфатени 46 приватни гинеколози, при што кај 16 установи (35%) биле утврдени неправилности во евидентирањето на готовинскиот промет, со веднаш изречени прекршочни санкции.

„Иако здравствените услуги се ослободени од ДДВ, неевидентирањето на приходите остава простор за нивно користење како неоданочени лични примања и ги потхранува сивата економија. Оваа пракса создава нефер предност на сметка на оние што работат законски и води до загуби на јавни приходи. УЈП нема да толерира вакво однесување и ќе продолжи со засилени и координирани контроли се додека не се постигне трајна промена во евидентирањето“, нагласи Петрова.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy