
Функционер на Хамас: Нема да ги ослободиме заложниците за повторно да не бомбардираат
Високиот функционер на Хамас Осама Хамдан изјави денеска дека палестинската исламска организација не е заинтересирана да ги ослободи заложниците „само Израел подоцна повторно да ја бомбардира“.
Тој, исто така, изрази интерес на Хамас за помирување со ривалот Фатах во повоена Газа.
Хамдан за катарската ТВ Ал Џезира изјави дека приоритет на организацијата е траен прекин на огнот.
Како што рече, по ослободувањето на заложниците, Израел „ќе започне нова рунда на масовни убиства“, но „ни ние нема да ја играме таа игра“.
Тој додаде дека Хамас сепак е подготвен „за голем компромис“ доколку војната престане.
Хамдан тврди дека Хамас во неколку наврати му понудил на Фатах заеднички да донесуваат одлуки и рекол дека палестинската управа на претседателот Махмуд Абас, лидерот на Фатах, е виновна што тоа не се случи.
„Отворени сме да разговараме со него и со сите палестински фракции“, рече Хамдан, објаснувајќи дека приоритет е „запирање на агресијата“, а потоа зборувајќи за палестинските територии, Западниот Брег – чии делови се под контрола на палестинските власти. која ја признава Западот, и Газа – со која владееше Хамас, со цел да се воспостави еден политички систем, една палестинска власт.
Сојузот на Фатах со Хамас, кој САД, ЕУ и Израел го сметаат за терористичка организација, може да предизвика американски санкции против палестинската управа, наведуваат израелските медиуми.
САД соопштија дека сакаат ревитализирана палестинска управа да управува со Газа и ги поддржуваат напорите на Израел да го уништи Хамас.
Лидерот на Хамас Исмал Ханије денеска пристигна во Каиро на преговори за Газа, објави организацијата во момент кога и од неа и од Израел доаѓаат сигнали за поддршка на ново примирје во војната.
