
Фулам го расплака Арсенал, а Тотнем го „нокаутира“ Борнмут (ВИДЕО)
Букајо Сака му донесе водство на Арсенал по само пет минути, но Фулам се разбуди и почна да напаѓа кон голот на Раја и Хименез во 29. минута погоди за 1-1.
Де Кордова-Рид беше стрелец на вториот гол за Фулам, кој им беше доволен на домаќините за триумф од 2-1 против Арсенал.
Борнмут одигра храбар натпревар против Тотнем, но не беше ефикасен во нападот, а тоа знаеше како да го казни тимот на Постекоглу.
Сар беше стрелец на првиот гол во деветтата минута, а во вториот дел Сон и Ришарлисон стрелаа за предност од 3-0 на Тотнем. Сепак, Борнмут во финишот постигна почесен погодок преку Скот и намали на 1-3.
Арсенал со новиот пораз остана на четвртото место и има 40 бодови, односно два помалку од Ливерпул и Арсенал. Тотнем, од друга страна, се наоѓа на петто место со 39 бода.
