
Фудбалерките со „седум плус“ победа во Летонија го почнаа патот кон ЕП 2025!
Ова беше триумфално деби на новиот селектор, Александар Андов, кој пред извесно време седна на клупата на жолто-црвените дами. Домашната селекција дојде во водство по само седум минути преку Миксоне, но потоа во период од 15 минути нашите фудбалерки со три гола направија целосен пресврт. Прва погоди Рочи во 17. минута, потоа Рокане си даде автогол во 25. минута, а седум минути подоцна погоди нашата најдобра фудбалерка, наташа Андонова. Полуховица со во 63.минута им донесе надеж на Летонките (2-3), која траеше само шест минути до погодокот на Ана Милчевска. Конечниот резултат го постави Карлина Миксоне со својот втор гол во 76.минута.
Избраничките на Андов веднаш по враќањето во Скопје ќе продолжат со подготовките, со оглед што веќе во вторник ги очекува втората пресметка од Ц2 групата и тоа на домашен терен против Словенија. Првопласираната во групата ќе обезбеди директен пласман во следната квалификациска фаза, како и две од петте второпласирани селекции.
