
Фудбалерите на Монца испратија порака до Берлускони кој се бори со леукемија (ВИДЕО)
Берлускони беше хоспитализиран во болница, беше откриено дека има леукемија. Фудбалерите и стручниот штаб на Монца по денешниот тренинг имаа заедничка порака за својот претседател.
Тие ги цитираа неговите познати зборови: „Кои верува се бори, кои верува ги надминува сите пречки, кој верува победува. Напред претседателе“.
Поранешниот премиер на Италија надмина повеќе здравствени пречки со кои се бореше во изминатите години. Тој има 86-години и ќе треба да биде подложен на третман со хемотерапија во борбата против леукемијата.