
Фудбалерите на Барса едвај спасија „жива глава“ од хулиганите на Еспањол (ВИДЕО)
Највоинствените фанови на домаќинот го пробија обезбедувањето и тргнаа да го прекинат славјето на Каталонците, кои на средината од теренот пееја „Шампиони, шампиони“. Фудбалерите на Барса, за среќа, навреме ги забележаа лутите навивачи и веднаш истрчаа во тунелот и кон соблекувалната.
Обезбедувањето се обиде, меѓутоа не успеа да ги запре хулиганите. Дел од нив стигнаа до тунелот, меѓутоа за среќа беше избегнат поголем скандал и играчите безбедно влегоа во соблекувалната каде што продолжија со славјето.
