
Фудбалерите на Барса дадоа два гола, ама на полувреме на „Ел Класико“ е – нерешено (ВИДЕО)
Воведните 45 минути завршија нерешено (1-1), иако домашните фудбалери беа тие што двапати ја затресоа мрежата. За жал на домашната публика, прв тоа го стори Араухо во деветтата минути, кога го матира сопствениот гол. Од тој момент почнаа сериозните напади на Каталонците, кои имаа дури девет удари на противничкиот гол за разлика од противничките два. Сето ова вроди со плод буквално пред самиот крај, кога по еден карамбол во гостинскиот шеснаесетник Серхио Роберто ја смести топката зад грбот на Тибо Куртоа.
Ваквиот резултат е само најава на уште повозбудливо второ полувреме, во кое „кралевите“ мора посериозно да нападнат, бидејќи за нив единствена опција е победа со оглед што имаат девет бода помалку од Барса на првите две места на табелата во Ла Лига.