
Фудбалерите го нападнаа судијата: Прекин на дербито во Трета лига Запад
Дерби дуелот меѓу Тетекс и Влазрими во Трета лига Запад не го дочека крајот бидејќи истиот е прекинат во 75-тата минута, откако откако гостинските фудбалери го нападнале главниот судија Марјан Младеновски.
Резултатот бил 0:0 кога Младеновски досудил пенал во корист на Тетекс, по еден старт на играч на Влазрими во шеснаесетникот на гостите. Фудбалерите на Влазрими негодуваа на оваа одлука и се повлекоа од теренот, по што судијата ги повика назад.
Одлуката ќе биде донесена на „зелена маса“, но повеќе од јасно е дека Тетекс ќе добие службена победа од 3:0.
ФОТО: Спортманија.мк
