
Фудбалер од Македонија во последен момент се спасил од разорниот земјотрес во Газиантеп
Фудбалер од Македонија, Лука Станковски, кој игра во Газиантеп, по натпреварот во Анталија имал два слободни дена за кои отишол во родното Скопје.
Токму тие два слободни дена го спасиле од страшниот земјотрес кој го погоди овој регион.
20-годишниот фудбалер за телевизија Сител раскажува како се одлучил да дојде во Скопје, наместо да се врати во Газиантеп.
„Јас прво сакав да одам во Газијантеп, ни кажаа дека ќе летаме преку Истанбуил, прво ќе одиме во Истанбул па во Газијантеп и бев на пола пат од Скопје и се одлучив да одам дома. И за среќа го избегнав земјотресот и не сум доживеал стрес. Кога беше земјотресот сум добил многу пораки, јас спиев и бев во Скопје. Сите ми пишуваат далчи сум добро и станувам и незнам што е работата, што се десило и после отварив и што да видам, стварно трагедија“, изјави за Сител фудбалерот Лука Станковски.
Инаку, македонскиот фудбалер една година живее и настапува за Газијантеп.
Во продолжение видео: