
Фудбалер на Тетекс на судијата му го скина – црвениот картон (ВИДЕО)
Но, целата ситуација во акцијата во која Анѓелковски ја фати топката, предизвика урнебесна сцена во режија на Христијан Кировски, еден од најискусните фудбалери на Тетекс и играч со интернационална кариера. Кировски на судијата му го зема црвениот картон и му го искина на два дела, па главниот арбитар мораше од помошниците да бара резервен црвен картон за да го исклучи, откако првиот му го покажа на чуварот на мрежата на „штофарите“.
Тетекс грчевито се бори за опстанок, трет одзади е во Втората лига, со три бода помалку од Каменица Саса која е на позиција за бараж за опстанок, а пет од Локомотива Пехчево која е прва во сигурната зона.
Видео: www.macedonianfootball.com