
„Фудбалер на Лацио никогаш нема да се однесува како Манчини!“ (ВИДЕО)
Рома со гол на Манчини го доби големото дерби против Лацио кое се играше изминатиот викенд. Дефанзивецот на волчицата не беше во центарот на вниманието само поради погодокот.
По мечот тој кај навивачите на Рома вееше знаме со боите на Лацио на кое имаше стаорец. Тоа беше навреда поради која Манчини доби и казна.
„Фудбалер на Лацио никогаш не би се однесувал така. Нашите фудбалери се однесуваат комплетно спротивно од оние на другите тимови“, рече Лотито.
