ФРИШОПОТ ХАЕИНЕМАН ВО ГЕВГЕЛИЈА СИТИ МОЛ: Бизнисменот Николовски открива детали во „Бизнис муабети“ на Фактор
Марјан Николовски, бизнисмен од Гевгелија. Првиот Македонец кој
има завршено економски факултет на државниот универзитет Аристотелис во Солун, Грција.
Неговите бизниси се во угостителството, хотелиерсто, фришоп, игрите на среќа, а
на илјадници метри квадратни го гради Гевгелија Сити Мол, кој ќе биде пуштен во
употреба во мај, следната година. Во казино бизнисот е партнер со еден од најбогатите
чешки бизнисмени чие богатство се брои во милијарди и постојано се на ФОРБС листата
на најбогати во светот. Николовски годишно врти 30-40 милиони евра. Тврди дека казино
бизнисот во Македонија е индустрија, каде годишно во Македонија се вртат 1,5 милијарди
евра. Марјан Николовски во бизнис муабети на Фактор.мк.
-Гевгелија Сити
Мол ќе биде на површина од околу 12.000 метри квадратни, тоа е затворениот дел,
и уште на околу 8.000 метри квадратни ќе биде отворен простор, за што имаме
нкои идеи, инвестицијата чини 10-тина милиони евра. Тоа е моја лична
инвестиција…Следното лето ќе биде во функција.
– Компанијата
Хаенман Германија ќе се простира на околу 1.200 метри квадратни во Гевгелија
Сити мол. Ние сме веќе конкуренција на грчкиот фришоп.