
ФРЧАТ ОТКАЗИ – американската компанија Мета спрема нов круг отпуштања, колку ќе бидат овој пат
Американската компанија „Мета платформи“, сопственик на Фејсбук, го одложи финализирањето на буџетите за неколку тимови, што се смета како подготовка за нова рунда отпуштања, објави вчера „Фајненшл тајмс“.
Двајца вработени во „Мета“ за весникот велат дека во последните недели не е јасно колкав ќе биде буџетот и идниот број на вработени.
Мета претходно овој месец објави дека очекува трошоците оваа година да бидат помеѓу 89 и 95 милијарди долари, а извршниот директор Марк Закерберг ја нарече годината – година на ефикасност.
Апликацијата Воцап, сопственост на „Мета“, во ноември отпушти повеќе од 11.000 работници, што е 13 отсто од вкупната работна сила.
(Танјуг)