Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Frasier“ се враќа со нови епизоди, ексклузивно на SkyShowtime!
Македонија

„Frasier“ се враќа со нови епизоди, ексклузивно на SkyShowtime!

10/10/2023

AA

Долги години по емитувањето на последната епизода од легендарната комична серија „Frasier“, нашиот омилен психијатар Фрејзер Крејн се враќа со нови анализи и нови шеги. Во главната улога повторно се појавува генијалниот Келси Грамер, а овојпат заедно со него се уште неколку познати актери кои ги толкуваат ликовите од следното поглавје во животот на Фрејзер.

Откако помина долги години во Сиетл, Фрејзер решава да се врати во родниот град Бостон, каде што ќе мора да се соочи со нови предизвици, да изгради нови врски и конечно да си ги исполни старите соништа. Нови епизоди од серијата „Frasier“ ќе бидат достапни ексклузивно на стриминг платформата SkyShowtime.

Симпатичниот Фрејзер Крејн конечно го добива неговиот „трет акт“ од животот, односно крајот кој го заслужува. Последен пат кога Фрејзер беше во Бостон, го среќававме во серијата „Cheers“ – онаму каде што беше и создаден ликот на генијалниот психијатар со урнебесен хумор. Овојпат, добри 40 години подоцна, тој се враќа во родниот град со свежа енергија, но и многу стари познаници.

Љубителите на оригиналната серија „Frasier“ ќе бидат пресреќни со враќањето на Келси Грамер во главната улога, кој го игра ликот на духовитиот психијатар со многу шарм, чувствителност и повремени урнебесни комични досетки.

Покрај Грамер, во новата серија играат Џек Катмор-Скот како синот на Фрејзер, Фреди; Николас Линдхерст како стариот школски другар на Фрејзер што станал универзитетски професор, Алан, потоа Токс Олагундоје како Оливија, колешка на Алан и раководителка на Катедрата по  психологија при универзитетот, Џес Салгуеиро како цимерката на Фреди, Ив, како и Андерс Кит како внукот на Фрејзер, Дејвид.

Новите 10 епизоди од серијата „Frasier“ можете да ги погледнете ексклузивно на стриминг платформата SkyShowtime. А доколку ви е потребно и потсетување за старите епизоди, не барајте на друго место – најдобрата забава е токму на SkyShowtime!

Покрај „Frasier“, во текот на месец ноември на SkyShowtime ќе пристигнат низа на интересни и популарни наслови кои со сигурност ќе ви го задржат вниманието. За фановите на возбудливи серии, тука се новите „Dreamland“, „Codename: Annika“ и новата серија „Fellow Travelers“, која премиерно се прикажува на SkyShowtime. Љубителите на филмови од овој месец ќе можат да ги стримуваат летните хитови „The Super Mario Bros Movie“ и „Renfield“, но и да погледнат некој од блокбастерите кои се веќе достапни на платформата. Активирајте го вашиот SkyShowtime профил уште денеска и уживајте во часовите на врвна забава!

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
Македонија

Ниту еден македонски универзитет меѓу 1.000 најдобри во светот

19/08/2026
Македонија

Странски возачи чекаат во ред на Табановце за да ги

19/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: СДСМ создава паника за комарците, Град Скопје спроведува континуирана

19/08/2026
Македонија

Кризата со западно-нилската треска во Скопје ескалира: СДСМ бара одговорност

19/08/2026
Македонија

Четири лица починаа од западнонилска треска, во Македонија 38 заболени

19/08/2026
Македонија

Осумгодишно дете повредено од барутни честички било донесено во Комплексот

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45123
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги емитуваат бесплатно

19/08/2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе нова одлука со која се утврдува листа на настани од големо значење

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа во помош за гаснење на

19/08/2026

Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје тргна кон Мариово, каде ќе помогне во справувањето со големиот пожар што го

Ниту еден македонски универзитет меѓу 1.000 најдобри во светот

19/08/2026

Ниту еден македонски универзитет повторно не се најде меѓу 1.000 најдобри високообразовни институции во светот на најновата Шангајска листа. На

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy