Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФРАНС ПРЕС: Македонија и Бугарија се борат за албански села
Регион

ФРАНС ПРЕС: Македонија и Бугарија се борат за албански села

18/01/2024

AA

Македонија и Бугарија се борат за албански села, се вели во репортажа на Франс прес.

Во изминатите четири години, речиси 4.000 албански државјани добиле бугарски патни исправи, соопшти бугарското Министерство за правда. 

Пописот во Албанија отвори нов фронт во долготрајниот спор меѓу балканските соседи Бугарија и Северна Македонија. И двете тврдат дека сѐ помалото македонско малцинство во Албанија е нивно, се наведува во репортажата. 

Војната за идентитетот е нешто како нерамноправна борба, велат локалните жители, бидејќи оние кои ќе се одлучат да станат Бугари, имаат шанса да добијат ценет пасош на ЕУ, пишува француската агенција Франс прес во својата репортажа од Пустец.

Франс прес додава дека Софија и Скопје со децении се караат околу јазикот, идентитетот и историјата.

Бугарија го блокираше патот на Северна Македонија кон членството во ЕУ, а во исто време им даде пасоши на околу 90.000 Македонци, според податоците на ЕУ — приближно еден од 20 од населението — откако таа се приклучи на блокот во 2007 година.

Најновата караница се фокусира на група на села кои изумираат од македонско говорно подрачје во едно од најубавите краишта на југоисточна Албанија на брегот на Преспанското Езеро, покрај границата со Грција и Северна Македонија.

На претежно празните улици во Пустец, табли се испишани и на албански и на македонски јазик. Но, многу домови и згради се напуштени, со испукани ѕидови, излупена боја и скршени прозорци.

Како и поголемиот дел од рурална Албанија, младите заминаа да бараат подобар живот, а локалните жители велат дека населението опаднало од 3.300 во 2011 година на само 1.200.

Бугарија донира за жителите на Пустец во Албанија. 

Претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски вели дека и Јапонија и Саудиска Арабија донирале, но  не бараат јапонски или арапско малцинство. 

Фото: АФП

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy