Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФРАНЦУСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ГНЕВНИ НА ПАТОТ КОН ПАРИЗ: Запираат камиони со странска стока и ја палат
Економија

ФРАНЦУСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ГНЕВНИ НА ПАТОТ КОН ПАРИЗ: Запираат камиони со странска стока и ја палат

25/01/2024

AA

Француските
земјоделци денеска почнаа да ги уништуваат увозните земјоделски производи,
испорачани со камиони од други земји, а дел од нивните барања се регулирање на
нелојалната конкуренција, како и намалување на даноците.

Според
извештаите, земјоделците запираат странски камиони на автопатот А7 кај
Монелимар, и ја палат и ја расфрлаат стоката, јавува БФМ ТВ.

Друга група
земјоделци формираа конвој трактори рано утринава на главниот пат RN12 во
близина на Париз, додека демонстрантите се закануваат дека масовно ќе дојдат во
Париз.

Земјоделците во
Франција, земјата која е и најголем производител на земјоделски и прехранбени
производи во ЕУ, истакнуваат дека од една страна не се доволно платени и дека
се задушени од прекумерната регулатива како дел од заштитата на животната
средина.

Тие повеќепати
како одговор на овие протести нагласија дека се загрижени дека правилата, во
комбинација со поевтиниот увоз, ќе ги задушат, проблем што го делат со
земјоделците ширум континентот.

Според
земјоделците, иницијативата на француската влада и трговските синџири да се
справат со поскапувањето на храната ги остава во незавидна положба и им
оневозможува на многумина да се справат со високите цени на енергијата,
ѓубривата, транспортот итн.

Што се однесува
до поевтините увезени производи, француските земјоделци прво вперуваат прст кон
Украина, каде што ЕУ се обврза да увезува производи со големи квоти, како и
трговскиот договор меѓу ЕУ и Меркосур (јужноамериканскиот блок), сомневајќи се
дека ќе создаваат нелојална конкуренција на пазарот на месо, житарици и шеќер.
Дополнително, тврдат дека не мора да подлежат на новите еко-правила.

На еколошки план,
земјоделците ги преиспитуваат правилата на ЕУ за субвенции кои бараат 4 отсто
од земјиштето да остане необработено, и ова го гледаат како прекомплицирана
имплементација на политиките на ЕУ во Франција, како што е обновувањето на жива
ограда и обработливото земјиште како природно живеалиште.

Се вели дека
зелената политика се заснова на контрадикторните цели секоја земја да се
направи самодоволна во производството на храна и други стоки.

ФОТО: EPA

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy