Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Францускиот Сенат изгласа зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години
Економија

Францускиот Сенат изгласа зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години

09/03/2023

AA

Францускиот Сенат, во кој доминира десничарската опозиција, синоќа гласаше за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, клучна одредба од контроверзната реформа што францускиот претседател Емануел Макрон сака да ја спроведе.

Според АФП, зеленото светло на Сенатот за зголемување на старосната граница за пензионирање е победа за извршната власт, која сака да го забрза усвојувањето на пензиската реформа во парламентот, но во исто време да избегне користење на член од уставот кој дозволува усвојување на закон без гласање во парламентот. „Мило ми е што дебатите го овозможија ова гласање“, твитна премиерката Елизабет Борне, која може да смета на гласовите на Републиканците.

Во Националното собрание, каде владата има релативно мнозинство, воопшто не можеше да се разговара за зголемување на старосната граница за пензионирање поради опозицијата, како и поради многу напорниот распоред на дебати што го постави власта.

Владата се надева дека Сенатот ќе гласа за дел од законодавството до крајниот рок што го одреди до недела. Во овој случај, ќе се состане мешовит комитет од сенатори и пратеници во обид да постигне договор за целата пензиска реформа, која потоа би можела да биде усвоена на 16 март.

Од првиот ден, реформата ги вознемири синдикатите, кои со неколку штрајкови и демонстрации од 19 јануари изведоа милиони Французи на улица. Последните масовни протести против пензиската реформа се одржаа во вторник во Франција, а се најавуваат следните за сабота.

И покрај протестите, владата инсистира на реформата, велејќи дека без неа пензискиот систем ќе пропадне. Пензиската реформа беше и едно од централните предизборни ветувања на претседателот Емануел Макрон. Тие се обидоа да ги ублажат критиките со ветување дека ќе ја зголемат минималната загарантирана пензија на 1.200 евра, како и надоместоците за пензионерите со здравствени проблеми и за оние кои извршуваат физички тешки работни задачи. Опозицијата обвинува дека се обични „бонбони“ без никаков реален ефект.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy