Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Француската полиција случајно ја пронајде бистата на Џим Морисон: Украдена од париските гробишта пред 37 години
Македонија

Француската полиција случајно ја пронајде бистата на Џим Морисон: Украдена од париските гробишта пред 37 години

20/05/2025

AA

Француската полиција случајно пронашла биста на Џим Морисон, украдена во 1988 година од гробиштата Пер-Лашез во Париз, каде што се наоѓа гробот на легендарниот американски пејач и место за поклонение на многу негови обожаватели.

Импресивна скулптура на фронтменот на групата Дорс, создадена од хрватскиот уметник Младен Микулин, беше украдена од париски гробишта пред 37 години, јавува BFM TV.

Скулптурата, која Микулин ја создаде за да ја одбележи десетгодишнината од смртта на Џим Морисон во 1981 година, беше пронајдена од страна на финансиската и антикорупциска бригада за време на полициска претрес поврзана со случај на измама предводен од канцеларијата на јавниот обвинител во Париз.

Според официјалната верзија, Морисон починал во својата када, на 27-годишна возраст, од срцев удар во јули 1971 година.

Францускиот новинар Сем Барнет во книга од 2007 година тврдеше дека блиските пријатели и семејството ја искривиле официјалната верзија за смртта на Морисон за да го „исчистат“ неговиот углед и дека ненадејната смрт на уметникот всушност била резултат на предозирање со хероин во тоалетот на парискиот ноќен клуб „Рокенрол Циркус“.

Во 1991 година, на 20-годишнината од смртта на пејачот, на неговиот гроб избувнаа немири, објави Би-Би-Си, поради што гробиштата беа принудени да ангажираат дополнително обезбедување.

После тоа, на гробот на Морисон бил трајно поставен стражар.

Точните околности на смртта на пејачот сè уште се обвиткани во мистерија, а повеќето првични извештаи велат дека починал од срцев удар во кадата. „Дорс“, формирани во Лос Анџелес, беа меѓу највлијателните рок групи од крајот на 1960-тите и почетокот на 1970-тите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА

13/02/2026
Македонија

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани

13/02/2026
Македонија

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ

12/02/2026
Македонија

НÈ ЧЕКА ВРНЕЖЛИВ ВИКЕНД И ЗАЛАДУВАЊЕ Продолжува променливото време

12/02/2026
Македонија

Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од

12/02/2026
Македонија

БЕСА ГО ОТВОРИ ПАТОТ ЗА СПОЈУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА „ВРЕДИ“ Движењето

12/02/2026
Македонија

Година на странски туристи: Туризмот во Македонија со раст од

12/02/2026
Македонија

Дефект на водовод блокираше пат: Свлечиште го отсече селото Татар

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41397
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy