
Франција во страв од тероризам: Издадено предупредување за празниците, на улиците ќе бидат над 90 илјади полицајци
Властите во Франција предупредија на „многу висока“ закана од тероризам пред новогодишната ноќ.
Како што пишува британски „Телеграф“, се заканува опасност од тероризам поради војната во Газа.
Се наведува дека и Германија се подготвува за можно насилство.
Жерар Дарманин, францускиот министер за внатрешни работи, рече дека 90.000 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени низ Франција за време на празникот.
Се очекуваат 1,5 милиони луѓе
– Побарав голема мобилизација на полициските сили и жандармеријата поради многу големата закана од тероризмот, поради се што се случува во Израел и Палестина – рече тој.
Наведено е и дека ќе бидат распоредени 5.000 војници од „Операција Сентинел“, воена операција чија цел е заштита на Франција од терористички закани, како и 35.000 пожарникари.
Во Париз се очекува да пречекаат 1,5 милиони луѓе, а во патрола ќе има 6.000 полицајци. Ќе им биде дозволено и да користат дронови.
