Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Франција донесе закон против брзата мода: Познатите компании се во големи проблеми
Македонија

Франција донесе закон против брзата мода: Познатите компании се во големи проблеми

15/03/2024

AA

Франција ќе примени критериуми како што се количината на произведена облека и брзината на промена на новите колекции

Францускиот парламент поддржа низа мерки во четвртокот вечерта кои ќе ја направат евтината брза мода, особено онаа направена од кинеските масовни производители, помалку привлечна за купувачите. Клучните мерки вклучуваат забрана за рекламирање на најевтиниот текстил, како и еколошка такса за евтини артикли.

– Франција е една од првите земји што донесе закони за ограничување на ултра брзата мода – рече Кристоф Бечу, министер за еколошка транзиција.

Самата одлука најмногу се базира на тоа што францускиот пазар беше преплавен со евтина увозна облека, додека неколку домашни брендови прогласија банкрот, но има и еколошки причини.

– Текстилната индустрија е таа што најмногу загадува – изјави заменик-претседателката на Хоризонс, Ен-Сесил Виоланд, порачувајќи дека овој сектор е одговорен за 10 отсто од емисиите на стакленички гасови и е голем загадувач на водите.

Како пример за интензивно модно производство, заменик-претседателот ја издвои кинеската компанија Shein и нејзината „7.200 нови облеки дневно“.

Франција ќе применува критериуми како што се количината на произведена облека и брзината на промена на новите колекции при одредувањето што е брза мода, според усвоениот закон. По стапувањето на законот во сила ќе бидат презентирани конкретни критериуми.

Производителите ќе бидат принудени да ги информираат своите потрошувачи како нивната облека влијае на животната средина, како и дополнителната такса што ја платиле поради влијанието врз животната средина од пет евра по артикал ќе се зголеми на десет, пренесува Poslovni.hr.

Покрај Шејн, во неволја се и Зара и H&M.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy