
ФОТО: Зечевиќ и младите од СДСМ зготвија оброци за бездомните лица, па се пофалија!
Подмладокот на СДСМ денеска заедно со генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски подготвија 300 оброци.
Тие велат дека истите ќе бидат донирани на оние кои им се најпотребни, односно на бездомните лица.
„Солидарноста и хуманоста се социјалдемократски но пред се човечки вредности. Во духот социјалдемократијата #СДММ помага и повикува секој добронамерен млад човек активно да придонесува и да помага секогаш кога е во можност“, велат од партијата.