
ФОТО Запалено возило во Битола, пожарникарите интервенираа навреме
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола во текот на 24 август 2025 година реализираше три интервенции.
Во 01:15 часот била примена дојава за запалено возило на улица Солунска, при што на терен интервенирало едно противпожарно возило со петмина пожарникари.
Во 09:00 часот пожарникарите биле ангажирани за обезбедување на настан во селото Скочивир, каде присуствувало едно возило со двајца пожарникари.
Последната интервенција била регистрирана во 20:30 часот, кога екипа на ТППЕ Битола извршила отворање на врата на улица Страшо Пинџур. Во оваа акција учествувале едно возило и тројца пожарникари.