
ФОТO: За тик-ток видео малолетници се качиле на покривот од 13-катница во Скопје
Попладнево до нашата редакција пристигна фотографија за која читателот тврди дека е направена во скопската населба Капиштец.
На фотографијата се гледаат неколку деца како се качени на покривот од 13-катница во Скопје.
Според информациите, тие снимале предизвик за друштвената мрежа тик-ток.
По немилите случувања во Србија, и во Македонија се отвори прашањето дали треба да се забрани Тик-Ток и кај нас.
И 4NEWS.mk спроведе анкета, по што најголем дел од граѓаните се за забранување на Тик-Ток.
