
ФОТО: За болни физиолошки, за апаши амнестија – протест пред Влада „За убиството на Онкологија“
Правда за жртвите и одговорност побараа попладнево демонстрантите пред зградата на Владата. Стотина се оѕваа на повикот за мирен протест за како што велат „Обиството на Онкологија“.
Ова е втор протест кој се организира, откако во јавноста беше обелоденето дека наместо соодветна терапија, пациенти на Онкологија добивале физиолошки растор, а лекарствата биле продавани на црниот пазар.
И тоа не е се. Имало и фиктивна листа на болни од рак, со цел да може да се оправдаат лекарствата кои биле продавани најверојатно на пазарот во Косово и соседните земји.
Обвинителството веќе отвори предмет и собира докази, а денеска информираше дека со цел транспарентна постапка и доверба во обвинителството, покани тројца пациенти од Онкологија да бидат запознаени со целата истрага и докази кои се пробавени.
До моментов нема ниту еден приведен за овој случај.
Вечерашнито протест од 18 часот започна од пред зградата на Владата, а преку Рекорд ќе продолжи на плоштадот Македонија, а на крај ќе заврши пред зградата на Обвинителството.
