
ФОТО: Внимавајте каде газите, напукна стаклото на мостот „Око“ во Центар!
Центарот за управување со кризи информира дека напукнато е стаклото од мостот „Око“ во Центар.
Директорот Стојанче Ангелов вели дека е алармиран Град Скопје, од каде тврдат дека стаклата по што поминуваат граѓаните се безбедни, сепак се предупредуваат граѓаните да не се гази по пукнатините ко ишто се појавиле на стаклото поставено на мостот.
„Ни рекоа дека работат на нивна замена. Не е лошо граѓаните да не газат по пукнатините, иако од Градот укажуваат дека нема да се скршат“, рече Ангелов.