
ФОТО Три возила изгорени на паркинг во Аеродром
Околу три часот по полноќ, на паркингот на улицата „Бојмија“ во скопската општина Аеродром, избувнал пожар во кој целосно изгореле три патнички возила, пишува Слободен Печат.
На терен интервенирале екипи од полицијата и Противпожарната бригада.
Засега не се познати причините за пожарот, се очекуваат повеќе информации во текот на денот од Министерството за внатрешни работи.
