
ФОТО Тешка сообраќајна незгода на патот Прилеп-Битола
Тешка сообраќајна незгода се сличила на патот Прилеп-Битола кој засега е затворен. Според првичните информации, во несреќата учествувал камион.
На сликата може да се забележи и присуството на Брзата помош.
Засега нема детали за причините и податоци за повредени лица или жртви.
Полицијата е на терен и се преземаат мерки за расчистување на местото на несреќата.