
ФОТО Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва во Скопје
Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва се случи во главниот град Скопје, јавува репортер на 4NEWS.mk од терен.
Судрени се две возила на раскрсница, каде сообраќајот е регулиран од семафор.
Според првичните неофицијални информации, до судирот дошло откако едното возило со голема брзина поминало откако семафорот се затворил.
На терен се Брза помош и полиција. Се уште се врши увид на местото на несреќата.
Несреќата е на патот кој води кон Косово.
ФОТО: 4NEWS.mk