
ФОТО Спасено кучето по брза интервенција на МВР и АХВ – наскоро ќе бара нов дом
Благодарение на навремената и координирана акција на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за храна и ветеринарство, кучето кое било жртва на сурово постапување е пронајдено, одземено и згрижено. Животното моментално е во стабилна состојба и се опоравува од претрпената траума.
Вдомувањето ќе може да започне од следната недела, откако целосно ќе закрепне.
надлежните институции соопштија дека лицето одговорно за овој чин е идентификувано и против него ќе бидат преземени соодветни законски мерки.
Апелот до граѓаните е јасен – да му најдеме топол и безбеден дом, каде што ќе биде опкружено со љубов и грижа, каква што заслужува.
