
ФОТО Сообраќајка во Петровец, патот блокиран!
Попладнево во близина на зградата на општината во Петровец се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила.
Од засега достапните информации, сообраќајот на овој потег е целосно блокиран.
Нема официјални податоци дали во несреќата има повредени лица.
Надлежните служби работат на расчистување на патот и нормализирање на сообраќајот.
