
ФОТО Сообраќајка во Чаир: Голем број полициски возила, засега нема податоци за жртви
Вечерва во скопската населба Чаир се случила сообраќајна несреќа во која учествувал мотор.
На местото на настанот присутни се голем број полициски возила и припадници на полицијата.
Засега нема официјални информации дали во несреќата има повредени лица или жртви.
Причините за несреќата ќе бидат утврдени по извршениот увид.
