
ФОТО Сообраќајка на Стража – автомобил и мотор се судрија на патот
Денеска на планинскиот превој Стража се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа патничко возило и мотор. На фотографијата од местото на настанот се гледа мотор превртен на коловозот и автомобил со сериозно оштетен преден дел.
Несреќата предизвика краткотрајно забавување на сообраќајот на овој фреквентен патен правец. Засега нема официјални информации за причините на судирот и дали има повредени лица.
Полицијата изврши увид, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.