Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 (ФОТО) Снежна бура ја парализираше Грција: затворени училишта и продавници, спасувачите евакуираа заглавени луѓе
Регион

(ФОТО) Снежна бура ја парализираше Грција: затворени училишта и продавници, спасувачите евакуираа заглавени луѓе

06/02/2023

AA

Поради обилните снежни врнежи и големиот пад на температурата во Грција, училиштата, градинките и продавниците во Атина се затворени, сообраќајот е отежнат низ целата земја, а многу јавни служби и бизниси се префрлаат на работа на далечина.

Некои метро станици во близина на меѓународниот аеродром во Атина исто така беа затворени, а железничката линија за Солун во северна Грција беше суспендирана.

Спасувачките и противпожарните бригади евакуираа четири лица чии автомобили се заглавија во снегот во атинското предградие Аспропиргос.

Властите ги повикаа граѓаните да избегнуваат несуштински патувања, јави државната ТВ ЕРТ, најавувајќи дека студеното време ќе трае до утре.

Поради снежната бура наречена „Барбара“ која од саботата ја зафати Грција, со силен ветер и снег, создаде проблеми во повеќе делови на земјата.

Надлежните одлучија денеска во Атина да бидат затворени градинките, основните и средните училишта, јавната администрација работи од дома, продавниците во северниот дел на градот се затворени, а преку бројот 112 за итни случаи била упатена препорака до граѓаните да ги ограничат нивните движења.

Проблеми имало и на автопатот кон Солун, што неколку пати бил затворан и повторно отворен, додека пак поради силниот ветер, постои забрана за пловидба од сите атински пристаништа.

Фото: EPA-EFE/ALEXANDROS BELTES /PANTELIS SAITAS /ALEXANDROS VLACHOS

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајдени 10 мигранти од Египет, приведен криумчарот

18/08/2026
Македонија

Муцунски: По седум години Амбасадорскиот совет повторно ги собира македонските

18/08/2026
Македонија

Од четврток повторно топлотен бран, за викенд температурите над 40

18/08/2026
Македонија

Речиси цела Македонија под висок ризик од пожари, ЦУК апелира:

18/08/2026
Македонија

11 нови случаи на ХИВ/СИДА во јули, најмладиот пациент има

18/08/2026
Македонија

Охридското Езеро неделава ќе се пориби со 100.000 пастрмки

18/08/2026
Македонија

Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци во Скопје

18/08/2026
Македонија

Македонија од септември се приклучува кон Вертикалниот гасен коридор: Чекор

17/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45080
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајдени 10 мигранти од Египет, приведен криумчарот

18/08/2026

На 17.08.2026 околу 22:00 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица

Муцунски: По седум години Амбасадорскиот совет повторно ги собира македонските амбасадори во Скопје

18/08/2026

Македонските амбасадори и генерални конзули од странство оваа недела ќе се соберат во Скопје на Амбасадорски совет, настан кој по

Од четврток повторно топлотен бран, за викенд температурите над 40 степени

18/08/2026

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy