
ФОТО: Снег на планинските превои – еве како изгледа Стража!
Попладнево врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато, Плетвар и Пресека.
Истите, според МакедонијаПат, во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Од таму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.