
ФОТО Се менува радарот на скопскиот аеродром, авиосообраќајот ќе тече непречено
На Меѓународниот аеродром „Скопје“ започна клучна фаза од модернизацијата на системите за надзор – демонтажа на стариот и неупотреблив радар. Оваа активност е вовед во инсталацијата на новиот, современ „Мод С“ (Mode S) радар, кој значително ќе ја зголеми безбедноста на летањето.
Од М-НАВ, Македонската навигација, смируваат дека патниците немаат причина за грижа.
Стартот на активностите следи по координативниот состанок одржан на 1 декември 2025 година, помеѓу тимот на реномираната компанија „Леонардо“ и ангажираните домашни подизведувачи.
Процесот ќе се одвива во неколку етапи:
Од М-НАВ потенцираат дека ова е клучен чекор во големиот проект за модернизација. Новиот радар ќе донесе поголема ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај.
Според предвидената динамика, новиот радар треба целосно да биде пуштен во оперативна употреба во јуни 2026 година.
Менаџментот на М-НАВ истакна дека, во тесна соработка со Владата и Министерството за транспорт, остануваат посветени на одблокирање и завршување на стратешките проекти кои со години „тапкале во место“, со цел Македонија да добие модерна и безбедна воздухопловна инфраструктура.
