
ФОТО Радосна вест од Скопје ЗОО – се роди ново бебе гибонче!
Првите пролетни денови ни донесоа нова радост во Скопје ЗОО, велат од зоолошката градина.
„Фамилијата гибони стана побогата за уште еден член, а Софи и Делфина добија братче или сестричка.
Нашето ново бебе гибонче е постојано во прегратките на мајката, а фотографијата е направена оддалеку за да не ги ставаме во стресна состојба.
Напредокот на гибончето е под постојан надзор од зоонегувателите.
Белоракиот гибон е екстремно загрозен вид со потекло од Индонезија, а бременоста кај овој вид примати трае 6 месеци и се раѓа по едно мало. Гибончето останува врзано со мајката најмалку две години, а зрелост достигнува на 8 години.
Во светот се помалку се раѓаат единки од овој вид, а во Скопје ЗОО ова е трето бебе во последните 6 години“, велат од Зоо Скопје.