
ФОТО Прва свадба зад решетки: Се ожени осуденик од струмичкиот затвор!
Во Казнено-поправната установа Затвор Струмица денес се одржа несекојдневен, но длабоко хуман и значаен настан – првпат во историјата на установата беше законски регистрирано осудено лице кое моментално ја издржува својата казна затвор.
Церемонијата се одвиваше под покровителство на директорот на затворот, г. Зоран Ристов, и заменик-директорката, г-ѓа Наташа Лазарова Донева, кои потенцираа дека секое човечко суштество има право на идентитет и достоинство, без оглед на статусот.
Со регистрацијата, осуденото лице конечно се стекна со правен идентитет – предуслов за пристап до здравствени, образовни и социјални права, како и клучен чекор кон неговата успешна ресоцијализација.
По официјалниот дел, беше организиран симболичен свадбен ручек за присутните, на кој се служеше традиционално мени – месо, ориз, компир и краставички.