Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОТО Протест пред Собрание – АПИС: Доколку не ги прифатат нашите предупредувања и укажувања за Законот за игри на среќа ќе следи серија масовни протести
Македонија

ФОТО Протест пред Собрание – АПИС: Доколку не ги прифатат нашите предупредувања и укажувања за Законот за игри на среќа ќе следи серија масовни протести

10/01/2024

AA

„Повторно сме пред Собранието со неколку стотици вработени во автомат клубовите и обложувалници, кои заедно со нас, согласно член 122 став 2 од Деловникот, бараат да присуствуваат на седницата на Комисијата за европски прашања, каде ќе се разгледуваат противуставните и скандалозни измени на Законот за игри на среќа“, река демонстрантите пред зградата на Собранието.

Горан Стоименов, претставник на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во изјава за медиумите рече: За разлика од пред 20 дена, денес ја блокираме сообраќајницата како последно предупредување до пратениците дека не смеат и понатаму да не игнорираат. Доколку не ги прифатат нашите аргументирани предупредувања и укажувања ќе следи серија масовни протести и други демократски форми за изразување незадоволство. Едноставно, една крајност по автоматизам создава друга крајност!

Ако пратениците навистина се убедени дека овие измени се ЗА заштита на младината, а не како што ние тврдиме, ЗА затворање на легалните објекти заради исполнување нечии бизнис апетити, тогаш нема ниту една причина да бегаат од соочување со нас. Потценување на интелигенцијата е да се тврди дека дистанцата од 500 метри од образовни институции е заради заштита на младината, кога во исто време државата овозможува преку интернет, игрите на среќа да станат достапни буквално на секој мобилен и статичен уред. Преку онлајн игрите на среќа доволно е од дома некој да се вклучи на платформа и да игра.

Ние сме убедени дека сите пратеници, без разлика на нивната партиска припадност, многу добро знаат дека аргументите се на наша страна. Евентуалното усвојување на измените во ваква верзија, ќе ја врати Македонија во 1990 кога имаше покер апарати зад завеси во кафулиња, диви играчници по подруми во секое маало, државата ќе нема никаква контрола, тогаш младината навистина ќе биде загрозена.

Ќе водиме правни битки, ќе следи иницијатива пред Уставен суд, ќе следат тужби за астрономски отштети кои ќе се прекршат преку грбот на народот. Без егзистенција ќе останат 10 илјади вработени, 54 до 100 илјади други работни места кои се поддржуваат преку легалните игри на среќа ќе доживеат сериозен економски удар, сопствениците на објектите ќе останат без закупнина, банките ќе активираат хипотеки и други гаранции. Државниот Буџет ќе изгуби 280 милиони евра годишен приход што е најмалку пет проценти од планираните државни приходи за 2024.

Клучната дилема е кој ќе понесе одговорност што заради предизборен популизам ќе се нанесат штети со далекусежни последици, кои ќе биде многу тешко да се санираат. Уверени сме дека како најголем приватен работодавач, претставници на инвестиции од земји членки на ЕУ, општествено одговорни компании кои во континуитет градат партнерски однос со заедницата, имаме основано право да очекуваме нашиот глас да биде слушнат и преку една конструктивна дебата да најдеме вистински применливи законски решенија.

Апелираме до пратениците добро да размислат што гласаат. Илјадници Македонци од економски маки ги напуштаат своите родни огништа и си ја бараат среќата во туѓина. Не смееме да дозволиме најмалку 35 илјади луѓе да станат нови кандидати за иселеници во западните земји.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy