
ФОТО Продолжуваат измамничките СМС пораки – внимавајте на сомнителни линкови
До нашата редакција пристигнаа информации од загрижени граѓани дека сè уште се испраќаат лажни СМС-пораки со цел измама. Во пораките се наведува дека наводно пристигнал пакет во магацин, но не можел да биде доставен поради “нецелосна адреса”. Од примачот се бара да кликне на линк за да ги „ажурира“ податоците или да го потврди пакетот.
Станува збор за обид за фишинг – измама преку која напаѓачите се обидуваат да дојдат до лични податоци, банкарски информации или други чувствителни податоци на граѓаните. Линковите водат до лажни веб-страници кои изгледаат како реални служби за достава, но се всушност направени за да ги измамат корисниците.
Граѓаните се повикуваат да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат лични или банкарски податоци и секогаш да ја проверуваат автентичноста на пораките. Доколку добиете ваква порака, препорачливо е веднаш да ја избришете и да ја пријавите во најблиската полициска станица или во Агенцијата за електронски комуникации.
Безбедноста на личните податоци е од клучно значење – бидете внимателни и информирани.
