
ФОТО: Преслатко мало мече се качува по дрвјата во Маврово
На Фејсбук страната на Националниот парк Маврово објавени се слатки фотографии од мало мече кое брка птица по дрвјата.
Според нивната објава, фотографиите се направени во Маврово, а се работи за кафеаво мече.
Македонското еколошко друштво велат дека во земјава се регистрирани околу 300 единки на кафеава мечка.

Тие велат дека иако овие животни се диви и големи, сепак тие се многу плашливи од луѓе, односно напаѓаат само кога навистина не можат да ја избегнат директната загрозеност или кога женките имаат мали, со цел да ги заштитат.

Инаку, европската кафеава мечка е заштитен вид во сите држави каде што живее.


